Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Аргентина детронизирана: Шпанија е новиот Светски шампион

    Аргентина детронизирана: Шпанија е новиот Светски шампион

    20.07.2026 во 01:122 Mins Read
    ФОТО: X/@SpainIsFootball
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шпанскиот фудбалски репрезентативец Феран Торес стана херој на својата нација откако со гол во 106. минута и донесе победа на Шпанија од 1:0 над Аргентина во големото финале одиграно во Њу Џерси. По регуларните 90 минути мрежите мируваа (0:0), за на крајот фудбалската правда да биде задоволена на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

    Шпанија по вторпат во својата историја се искачува на светскиот трон, притоа повторно успевајќи во подвигот да ги обедини европската и светската круна, каков што беше случајот во нејзината златна ера од 2008 и 2010 година.

    Од друга страна, досегашниот бранител на тронот разочара со својата премногу дефанзивна и бледа игра. Шпанците ја диктираа играта и доминираа на теренот од првата до последната минута, додека аргентинскиот состав се одлучи за чудна и пасивна тактика која на крајот скапо го чинеше.

    Тотална доминација на „Фуријата“ и незабележлив Меси

    Првото полувреме помина во целосна иницијатива на Црвената фурија, која постојано плетеше мрежа околу противничкиот шеснаесетник, додека Аргентинците беа збиени на сопствената половина. Само благодарение на одличните одбрани на чуварот на мрежата Емилијано Мартинес, резултатот во првиот дел остана непроменет.

    Притисокот на Шпанците се засили во вториот дел, каде шансите пред аргентинскиот гол се редеа една по друга. Аргентинската дефанзива беше под таков притисок што дури и првата ѕвезда Лео Меси остана целосно отсечен од играта.

    Податоците од официјалната статистика за натпреварот најдобро ја илустрираат тоталната надмоќ на новиот шампион:

    Статистиката покажа дека светскиот првак не упатил ниеден удар кон голот на Шпанија за 90 минути игра.

    Црвен картон, поништен гол и финална завршница во продолженијата

    Драмата го достигна врвот во судиското продолжение од регуларниот дел кога Енцо Фернандес заработи вториот жолт картон и ја остави Аргентина со играч помалку на теренот.

    На почетокот од продолженијата, поточно во 96. минута, на Нико Вилијамс му беше поништен гол поради претходен прекршок направен од Мерино, но тоа не ги поколеба Шпанците. Клучниот момент се случи во 106. минута кога Вилијамс одлично го пронајде резервистот Феран Торес, кој со разорен удар од десетина метри го совлада Мартинес и ја донесе круната во Мадрид.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“

    17.08.2026 во 23:21

    Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“

    17.08.2026 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.