Апсење на Табановце: Приложил фалсификуван зелен картон и нудел поткуп


Вчера во 15.55 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Р.Грузија поради сторено кривично дело нудење поткуп. Имено, тој на граничниот премин дошол со патничко возило „киа“ со грузиски регистарски ознаки, а во приложените документи за пасошка контрола ставил банкнота од 20 евра.

Р.Ш. е лишен од слобода, а утврдено е и дека зелениот картон што го приложил е фалсификуван. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

10.03.2024 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега