Апсење на скопскиот аеродром: Наместо во изолација со лажни ПЦР тестови се обиделе да патуваат

 

Наместо во изолација двајца македонски државјани, но со живеалиште во Швацарија се обиделе да патуваат со лажни ПЦР тестови, но биле уапсени на скопскиот аеродром.

-На 07.04.2021 во 13.30 часот на граничен премин „Меѓународен аеродром-Скопје“ биле приведени А.Е.(25) и Б.Е.(26), двајцата од Швајцарија, кои поседувале и македонски патни исправи, затоа што при гранична контрола било констатирано дека се наоѓаат во системот за задолжителна самоизолација и поседувале невалидни негативни ПЦР тестови, информираат од МВР.

Двајцата биле предадени за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега