Апсење кај наплатната станица Градско: Уапсен скопјанец

 

На автопатот Скопје-Гевгелија, кај наплатна станица Градско синоќа во 19.30 часот, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор  „Михајлово“ го лишиле од слобода Б.П.(67) од Скопје.

– При контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени Р.В.Ј.(25), Р.В.О.(22) и Х.М.В.А.(42), сите од Куба, кои илегално влегле во државата, соопштија денеска од МВР.

Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава. 

22.09.2021 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега