Вчера во 19:30 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници ги лишија од слобода К.С.Г.(40) и Ј.С.(32), двајцата од Сојузна Република Германија.
Претходно, при гранични проверки извршени се и контроли во нивните возила, при што во возилото кампер „фиат капрон“ со швајцарски национлани ознаки, кое го управувал К.С.Г., пронајдени и одземени се марихуана, 36 таблети, 189 капсули и дробилка. Додека, во возилото „фолксваген туран“ со германски национални ознаки, кое го управувал Ј.С., пронајдена и одземена е марихуана.
Двајцата се спроведени и задржани во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Актуелно
- Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф
- Ведро и посвежо утро, сончево во текот на денот
- За кои хороскопски знаци завршува тешкиот период на крајот на септември?
- Полиестерот и неговите хемикалии може да влијаат на хормоните и плодноста
- Макрон: Санкциите на ОН против Иран ќе бидат вратени
- Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
- ДЗС: Ставен под контрола пожарот над Морани, општина Студеничани
- Средба на министерот Муцунски со сенаторот Петер Велч во Вашингтон