Април променлив и посув месец во споредба со многугодишните просечни вредности

Мерењата на Управата за хидрометеоролшки работи покажуваат дека април бил променлив и сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности.

Средната максимална температура варирала од 11,7 степени во Маврово до 21,7 степени во Гевгелија. Највисоката максимална температура била измерена на 26 април во Гевгелија и изнесувала 28,6 степени.

Забележани се ниски темпертури особено во втората декада од месецот. Средната минимална температура варирала од 1,3 степени во Маврово до 6,9 степени во Гевгелија. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово на 12 април и изнесуваше -5,5 степени.

Во април се забележани врнежи од дожд и од снег, а максималното дневно количество на врнежи е измерено на 1 април во Тетово кога наврнале 29,5 мм.

– Споредено со априлската просечна вредност за многугодишен период (1981-2010), измерената месечна сума на врнежи беше 15 мм под просечната, учествуваше со 73 проценти во просечната на ниво на држава, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

04.05.2022 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега