Апасиев: За укинување на апанажата на јавните функционери гласаа само 16 пратеници.

За укинување на АПАНАЖАТА на јавните функционери гласаа само 16 пратеници.

Толку е постот, напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев на својот Фејсбук профил.

Предлог законот беше поднесен од Левица со објаснувањето дека најголем дел од министрите кои што повеќе не се дел од Владата, максимално користејќи ги сите функционерски привилегии, ќе продолжат да земаат плата од Буџетот на Република Македонија и по престанокот на нивната функција, односно таканаречената апанажа.

Барање за апанажа до Собранието досега доставиле доскорешните вицепремиер за европски прашања Никола Димитров, министерка за образование Мила Царовска, и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

 

10.02.2022 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега