Апасиев: Таче викендов ќе го прифати предлогот за бугаризација на Македонија

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев на неговиот профил на Фејсбук напиша дека премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски сака да го прифати „францускиот предлог“ овој викенд.

Апасиев порача дека се надева на спречување нов Преспански од страна на опозицијата и народот.

Таче викендов ќе го прифати "францускиот предлог" за БУГАРИЗАЦИЈА на Македонија (кој е претходно договаран од Бујар). Мислам дека доаѓа денот и часот за сериозен антивладин Отпор. Само ме јаде јанѕа дали е пак и ДПМНЕ декор у причава? Се надевам искрено дека не е и дека опозицијата, заедно со народот, ќе спречиме нов Преспански. Од нас зависи!“, напиша Апасиев.

23.06.2022 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега