Апасиев повика на бојкот на пописот: Само масовна несоботка може да го урне овој фалсификат
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев повика на бојкот на пописот кој почна утрово. Според него, само пописот за, како што вели, отпис на Македонците можеме да го срушиме само со масовно неучество.
-Дојде времето за ПАСИВЕН ОТПОР на Македонците против домашниот окупатор кој, за да остане на власт, се договорил да ја разнебити нашата Република преку вештачки етно-демографски инженеринг на населението. Ако ова го дозволиме, како народ, за неколку децении ќе бидеме дел од една Голема држава. И не се жалете - од нас зависи, напиша Апасиев на Фејсбук.
Вели дека доколку граѓаните се соочат со казни, можат да се обратат кај левица за стручна правна помош.
-Само масовна НЕСОРАБОТКА може да го урне овој фалсификат! Ако, пак, дозволиме да успее - албанските партии веќе никогаш нема да прифатат иден попис и ќе започне трауматичен период на сецесионизам и распаѓање на државата. После, немојте да се жалите, вели тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа