Апасиев им се обрати на сограѓаните Албанците: Сега е моментот да го осудите Османи и да застанете рамо до рамо со нас

Лидерот на политичката партија „Левица“ се обрати на своите сограѓани Албанци и повика да застанат рамо до рамо со Македоците за одбрана на нашиот идентитет и осуда на Османи кој според него го распродава истиот на нашите соседи во Софија.
 
„Драги сограѓани АЛБАНЦИ.
Замислете ваква ситуација: Република Албанија да има министер за надворешни работи етнички Македонец и тој, во име на сите Албанци, да преговара со Република Турција за тоа дали Скендер Бег е Албанец или Турчин!? Дали ќе се осеќате пријатно? Дали тоа нема да ве фрустрира?
Е токму тоа нас ни го прави Бујар ОСМАНИ од ДУИ! Во име на Македонците преговара со Бугарите што биле Кирил, Методиј, Климент, Наум, Самоил, Гоце... Со кое право? Со чие полномошно?
Затоа, драги сограѓани Албанци. Сега, во овие драматични моменти, кога дрско и тајно се распродава нашиот идентитет во Софија, сега е моментот да го осудите Османи и да застанете рамо до рамо со нас, вашите вековни комшии!
Смрт на фашизмот, слобода на народот!
#БујареОтстапиЗаДобротоНаСите“ напиша Апасиев на својот фејсбук профил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега