Close Menu
Press24
    Најново

    Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо

    28.10.2026 во 17:12

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Апасиев: Дали владата формирала илегален „Кризен штаб“ за трагедијата во Кочани?

    Апасиев: Дали владата формирала илегален „Кризен штаб“ за трагедијата во Кочани?

    25.03.2025 во 10:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Димитар Апасиев, пратеник и лидер на политичката партија Левица, прашува дали владата прогласила кризна состојба во државава без владина одлука доставена до пратениците во Собранието на Македонија. Прашањето го темели на изјави на функционери кои изјавуваат дека се дел од Кризен штаб.

    – „Согласно изјавите на премиерот, министрите, докторите и директорот на ЦУК – некој од нив перманентно изјавуваат дека се дел од некаков си „Кризен штаб“ – што им дава дополнителни ингеренции во случајот со пожарот во дискошталата во Кочани (пример: посета на болни без следење на медицински протокол).

    Но, согласно чл. 31 од посебниот Закон за управување со кризи (Сл. весник на РМ бр. 29/2005), како lex specialis, за да постои кризна состојба и согласно тоа ’Кризен штаб’ – потребна е владина одлука, која потоа се доставува до Собранието кое врши парламентарен надзор in concreto!

    Оттука, бидејќи ваква одлука нема и нема никакво известување до нас пратениците, како контролори на извршната власт, јавно прашувам дали тоа и ’кризнава состојба’ ви е прогласена илегално и противзаконски, меѓу владината коалиција – што би се рекло на диво, без запазена регулатива и процедура – како, впрочем, и целата истрага што ја буткате на мускули (со владино прикривање на одговорните и поштедување на вашите штабомани и клиенти)?“, прашува Апасиев преку статус на социјалната мрежа ФБ. 

    Just In
    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.