Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Антракс во бугарско село: Заразени луѓе, крави и овци
    • Викендов доаѓа невиден пекол – можно заладување идниот викенд
    • KAM исплаќа 850 евра за К15 за своите вработени
    • Невиден сплет на природни настани: Како дојде до библискиот потоп во Непал
    • Колку пати ни го ветија автопатот Скопје-Блаце?
    • Прв случај на западнонилска треска регистриран во Бугарија
    • Ја заклучил жена му дома и ја тепал – ја спасувале полицајци
    • Нови механизми, стар услов: Што носат промените во проширувањето за Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Антракс во бугарско село: Заразени луѓе, крави и овци

    Антракс во бугарско село: Заразени луѓе, крави и овци

    26.08.2026 во 19:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Три лица се заразени со антракс во бугарското село Стефаново, во областа Ловеч, откако консумирале месо од заболено животно. Бугарската агенција за безбедност на храната потврди примарно огниште на антракс во сточарска фарма во која се одгледуваат 205 говеда.

    Станува збор за сопружници кои се занимаваат со сточарство и нивен близок пријател. Истрагата почнала откако на 24 август биле примени информации за пациенти во здравствена установа со сомнение за антракс.

    Според досегашните информации, сопственикот на фармата забележал симптоми кај едно од говедата, по што животното било заклано, а месото ставено во замрзнувач. Се претпоставува дека трите лица се заразиле откако јаделе од месото. Втората лабораториска анализа го потврдила присуството на бактеријата што предизвикува антракс.

    Фармата е ставена во карантин, а ветеринарните служби извршиле дезинфекција на објектот, местото каде што било заклано животното и пасиштата. Месото од замрзнувачот е одземено, а говедата и овците во двете стопанства биле клинички прегледани. Засега кај останатите животни не се забележани отстапувања во телесната температура или други видливи симптоми.

    По потврдата на огништето започнала и вакцинација на стотици говеда и овци во погоденото подрачје, а животните ќе бидат под секојдневен ветеринарен надзор.

    Антраксот е акутна заразна болест која може да ги зафати и животните и луѓето. Најчувствителни се тревопасните животни, особено овците, козите и говедата. Луѓето може да се заразат при директен контакт со заразено животно или негови производи, како и преку консумирање контаминирано месо.

    Прочитај повеќе

    Прв случај на западнонилска треска регистриран во Бугарија

    26.08.2026 во 18:59

    ФОТО: Првиот сопруг ја тепал, животот и пружил втора шанса – Ова е вториот сопруг со кого Ведрана Рудан најде мир

    26.08.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.