Close Menu
Press24
    Најново

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото

    17.08.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Анкета: Путин ужива најголема доверба од граѓаните во споредба со руските политичари

    Анкета: Путин ужива најголема доверба од граѓаните во споредба со руските политичари

    21.11.2025 во 10:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Според најновата анкета на Рускиот фонд за истражување на јавното мислење (ФОМ), 75 проценти од руските граѓани изјавиле дека му веруваат на претседателот Владимир Путин, додека 76 проценти позитивно ја оценуваат неговата работа.

    На официјалната страница на ФОМ се наведува дека само 13 проценти од испитаниците изразиле недоверба кон рускиот лидер. Во однос на извршувањето на претседателските функции, 76 проценти сметаат дека Путин успешно ја извршува својата улога, додека 10 проценти имаат спротивно мислење, пренесува РИА Новости.

    Во однос на руската влада, 46 проценти од граѓаните се задоволни од нејзината работа, а 31 процент се изјасниле како незадоволни. Премиерот Михаил Мишустин добил позитивна оценка од 53 проценти, додека 14 проценти не го одобруваат неговиот ангажман.

    Ако следната недела се одржат избори за Државната дума, 39 проценти од испитаниците би гласале за партијата „Единствена Русија“, 9 проценти за Либерално-демократската партија, 8 проценти за Комунистичката партија, 4 проценти за „Новите луѓе“ и 3 проценти за „Праведна Русија“.

    Истражувањето ФОМнибус било спроведено од 14 до 16 ноември врз примерок од 1.500 испитаници постари од 18 години, во 97 населени места низ 51 федерален субјект на Русија.

    Прочитај повеќе

    Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“

    17.08.2026 во 18:51

    Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени

    17.08.2026 во 18:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.