Анкета на Стратум: Коалицијата на СДСМ и БЕСА има стабилна предност (31%) во однос на ВМРО-ДПМНЕ (27%)

Според анкетата на СТРАТУМ коалицијата СДСМ и БЕСА се перципира од граѓаните како победничка коалиција и има стабилна предност (31%) во однос на ВМРО-ДПМНЕ (27%) пред вонредните парламентарни избори на 15 јули

Согласно општествените случувања во Република Северна Македонија, поточно одржување на Предвремени парламентарни избори, агенцијата СТРАТУМ Р&Д спроведе сопствена телефонска анката на репрезентативен примерок од 900 испитаника (150 испитаника по Изборна единица) во периодот на првата недела од јули односно од 1ви до 6ти јули 2020. Испитаниците беа бирани на фиксни телефони во домовите со удел од 60%, а 40% согласно запазување на квотите за репрезентативност на примерокот беа бирани на мобилни телефони.  Прашањата во оваа анкета се операционализирани како варијабли - ставовите на граѓаните кон општествено социјално и политичкото функционирање на државата.

Клучни наоди од анкетата се:

„Овие избори ќе се одржат во најкомплицирана состојба од аспект на психосоцијална и економска состојба на бирачите

Таа комплицирана состојба се рефлектира и во расположенијата на граѓаните кон сите теми

Евалуациите се претежно негативни на сите теми, проблеми и аспекти на социјално економското функционирање. Скоро и да нема евалуација која ја надминува просечната вредност од 3, барем неутрално да се изјаснат

Гласачките определби одат во корист на СДСМ но, сепак со напомена дека разликата не е статистички значајна

Значајна разлика се јавува во перцепција на победничка партија каде СДСМ од 5% ипитаници повеќе е перципирана како партија која ќе формира Влада по изборите

Во однос на платформата на ДУИ за Премиер избран врз национална основа, значајно висок % на испитаници, над 70, сметаат дека РС Македонија не треба да вопостави критериум за избор на Премиер врз национална основа

Во моментов, најголем број од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат за коалицијата СДСМ БЕСА, 2% помалку од нив изјавиле дека ќе гласаат за Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. Иста разлика од 2% има помеѓу албанските партии ДУИ и Алијанса на Албанците.

Перцепцијата на победничка партија влијае на изборниот резултат а од податоците се гледа дека Коалицијата СДСМ и БЕСА се перципираат како победничка коалиција и оваа разлика е статистички значајна споредено со определбите во моментов каде разликата е во ранг на грешката поврзана со големина на примерокот

Се забележува поларизираност на граѓаните па така 44% сметаат дека мерките треба да се олабават затоа што економијата е најважна а 41% дека треба да се воведат построги мерки затоа што здравјето е најважно.

Од сето претходно изнесено може да се заклучи дека нѐ очекува период полн со неизвесности  во однос на многу идни случувања и со мала сигурност дека сепак оптимизмот ќе внесе нова димензија во функционирањето“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега