Close Menu
    Најново

    Ема Стоун најубава позната жена во светот

    17.11.2025 во 17:37

    Заврши општата расправа за Предлог-буџетот за 2026, од утре амандманска

    17.11.2025 во 17:31

    „Внимавај, телефонски измами“ – Скопската полиција ги едуцираше повозрасните за потенцијалните кражби

    17.11.2025 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Ема Стоун најубава позната жена во светот
    • Заврши општата расправа за Предлог-буџетот за 2026, од утре амандманска
    • „Внимавај, телефонски измами“ – Скопската полиција ги едуцираше повозрасните за потенцијалните кражби
    • Јаневска: Студентите овој месец ќе ги добијат средствата за студентски оброк
    • Земјотрес почувствуван во Македонија
    • Случај „Онкологија“: Сведочеа лекари, директорот ја носел конечната одлука за терапија
    • Јаревски: Со Предлог-буџетот за 2026 година се утврдуваат здрави основи на фискална консолидација
    • Пиевте чаша вино или пиво – еве колку долго треба да чекате за да седнете зад воланот
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Анкета: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со убедливо најголема доверба кај граѓаните

    Анкета: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со убедливо најголема доверба кај граѓаните

    27.09.2025 во 14:46
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Последните истражувања на МКД.мк за рејтинзите на политичките партии и нивните лидери покажуваат дека веќе подолго време ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски имаат најголема доверба кај глаѓаните. Од 9 до 21 септември агенцијата Маркет вижн го спроведе последното истражување на МКД.мк кое покажа дека граѓаните на претстојните локални избори ќе излезат во висок процент – 64,4%.

    На прашањето во кој лидер на политичка партија имате најголема доверба, 25,3 отсто од испитаниците одговориле позитивно за Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ДУИ Али Ахмети е на второ место, со предност пред претседателот на СДСМ Венко Филипче (6,3% : 4,8%). Интересно е и тоа дека вкупниот резултат на сите претседатели на македонските политички партии е помал од бројката за довербата што ја има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    Ова истражување покажа висок процент на можна излезност за претстојните локални избори закажани за 19 октомври и 2 ноември. Од 1.200 испитаници дури две третини (64,4 отсто) би излегле на гласање, а 23,1 отсто се уште не одлучиле. 12,6 отсто изјавиле дека нема да излезат.

    Во однос на можниот победник на претстојните локални избори за 43,4 отсто од испитаниците нема никаква дилема дека во нивната општина ќе победи партија од владејачката коалиција, а само 16,8 отсто од нив веруваат во победата на опозицијата.

    За тоа за која политичка партија ќе гласаат, 22,9 отсто се определиле дека нивен фаворит ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ би гласале само 5,9 отсто од испитаниците. Околу 40 отсто од испитаниците сѐ уште не одлучиле за која партија би гласале или не сакаат да откријат или сѐ уште не одлучиле дали ќе излезат на гласање.

    Во однос на случувањата во СДСМ, ова истражување покажува дека граѓаните сметаат дека претходниот претседател на СДСМ и премиер Зоран Заев сѐ уште ги контролира работите во партијата (42%). Неговата блискост со актуелниот претседател на социјалдемократите Венко Филипче очигледно е дека само го поткрепува верувањето дека Заев и натаму ги влече конците во партијата.

    Анкетирањето беше спроведено од 9 до 21 септември со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

    Популарно

    „Бентли“ ти дава крилја: Дозволено 50км/ч – летал со 143 км/ч

    17.11.2025 во 11:57

    Тошковски: Успешно ме оперираа – да се опоравам и се враќам на работа

    17.11.2025 во 15:26

    (ВИДЕО) Потоп во Италија: Луѓе чекаат евакуирање на покривите, се урна и трикатна зграда

    17.11.2025 во 14:24

    Добри вести за пензионерите: Следи ново зголемување на пензиите

    17.11.2025 во 12:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.