Close Menu
Press24
    Најново

    Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка

    08.07.2026 во 14:20

    Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа

    08.07.2026 во 14:16

    Машки труп пронајден во Пчиња

    08.07.2026 во 14:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка
    • Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа
    • Машки труп пронајден во Пчиња
    • Дури 25 лица без возачка седнале зад волан, полицијата апсела низ цела држава
    • Почината жена пронајдена во стан во Кисела Вода
    • Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница
    • МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
    • Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Анима Мунди: Бараме итно затворање на Скопје ЗОО – независен инспектор да ја провери безбедноста

    Анима Мунди: Бараме итно затворање на Скопје ЗОО – независен инспектор да ја провери безбедноста

    25.06.2026 во 22:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ако ова е заштитата на живеалиштето на волците, тогаш имаме сериозен проблем❗️

    Оградата што се гледа на снимката не остава впечаток на безбедносен систем соодветен за чување диви животни. Напротив, отвора сериозни сомнежи дали воопшто биле обезбедени минималните стандарди за заштита и спречување на бегство.

    Под ваква ограда бега куче со 15 минути копање, а не волк, реагираат од Анима Мунди

    Безбедноста на диви животни не смее да се обезбедува со импровизација. Не смее да зависи од среќа. И не смее да се правда со молк. Не, не е вина на само сегашниот директор, ова вака опстојува во континуитет❗️

    Бараме:

    ▪️ итно затворање на ЗОО Скопје до завршување на независен инспекциски надзор;

    ▪️ инспекција на сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, со јавно објавување на наодите;

    ▪️ независна истрага за бегството на волците, усмртувањето на животните и утврдување на одговорност за сите пропусти;

    ▪️ мораториум на размножување и внесување нови животни додека не се обезбедат услови што ги исполнуваат законските и стручните стандарди;

    ▪️ план за затворање на ЗОО Скопје и негова трансформација во спасувачки и рехабилитациски центар за животните што веќе се таму.

    Институција што не може да гарантира сигурност за животните што ги држи во заробеништво, не може да гарантира ниту безбедност за граѓаните, стои во објавата на Анима Мунди.

    Прочитај повеќе

    Марта Кос: Уставните измени остануваат неопходен чекор, до 2028 година може да станете нова членка

    08.07.2026 во 14:20

    Мицкоски: Покажавме дека реформите не се декларативна определба, туку конкретна работа

    08.07.2026 во 14:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.