Close Menu
    Најново

    Ангелова: Буџетот за 2026-та обезбедува повисоки пензии

    14.11.2025 во 17:13

    Муцунски и заменик-државниот секретар на САД разговараа за зголемување на трговската размена и нови инвестиции

    14.11.2025 во 16:54

    Ѓорѓиевски: Со еден глас против и еден воздржан, донесен е ребалансот на Буџетот на град Скопје

    14.11.2025 во 16:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Ангелова: Буџетот за 2026-та обезбедува повисоки пензии
    • Муцунски и заменик-државниот секретар на САД разговараа за зголемување на трговската размена и нови инвестиции
    • Ѓорѓиевски: Со еден глас против и еден воздржан, донесен е ребалансот на Буџетот на град Скопје
    • Апсење во Долно Лисиче: Се скарале поради нерасчистени долгови, па му напрскал спреј во очи
    • Инцидент во скопско средно училиште: Малолетник натепан од неколку соученици
    • Мицкоски: Македонија меѓу ретките во регионот, извршена е прва трансплантација на рожница
    • Загрижена мајка од Скопје се јавила во полиција: Мојот 15-годишен син беше пресретнат од шест лица и нападнат
    • Стружанец крадел струја – самостојно го премостил броилото
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Ангелова: Буџетот за 2026-та обезбедува повисоки пензии

    Ангелова: Буџетот за 2026-та обезбедува повисоки пензии

    14.11.2025 во 17:13
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Ангелова: Буџетот за 2026 обезбедува зголемени средства за социјална заштита, како и за раст и редовна исплата на пензиите

    На денешната седница за Предлог-буџетот за 2026 година се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, која се осврна на делот кој се однесува на социјалната заштита и поддршката на граѓаните, истакнувајќи дека цврсто стои зад буџетската рамка, затоа што обезбедува зголемени средства за социјална заштита и поддршка на ранливите категории.

    „Предлог Буџетот за 2026 година обезбедува зголемени средства за социјална заштита, и поддршка на ранливите категории – децата, лицата со попреченост, самохраните родители, старите лица и сите кои се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост. Со Буџетот се обезбедува редовна исплата на платите и пензиите, како и континуирана социјална заштита. Средствата за социјална заштита се проектирани на 206,3 милијарди денари, што е раст од 6,7 проценти. Платите изнесуваат 52,6 милијарди денари, или 7 проценти повеќе во однос на оваа година, во кое е опфатено зголемување на платите со порастот на минималната плата“, вели Ангелова.

    Пратеничката Ангелова посочи дека ќе продолжи растот на пензиите и во наредниот период но и дека ќе се продолжи со мерки кои обезбедуваат одговорно управување со јавните финансии, постепено намалување на расходите и одржливо ниво на буџетски дефицит и јавен долг како и засилена фискална дисциплина и транспарентност.

    „Во пензискиот систем се вклучени сите зголемувања реализирани во износ од 5.000 денари во септември 2024 и март 2025 година, како и последното зголемување од 1.000 денари. Растот на пензиите ќе продолжи и во наредниот период, со цел поддршка на стандардот на пензионерите. Со овој Предлог – буџет за 2026 година ќе има засилена фискална дисциплина, поголема ефикасност во капиталните инвестиции,  централизирана контрола и транспарентност, јасна процедура за субвенции и трансфери, подобра контрола врз општините, транспарентност во повратот на приходи, редовно известување и отчетност, правна сигурност и предвидливост и поголема одговорност на институциите“, рече Ангелова.

    Популарно

    Тага и шок во регионот: Почина сопственичка на пекара – косата и се заплеткала во миксер за тесто

    13.11.2025 во 22:47

    ЕВН најави исклучувања во повеќе скопски општини – проверете дали сте на списокот

    14.11.2025 во 09:05

    ВЛЕН: Минималната плата се зголемува на 26.400 денари

    14.11.2025 во 10:40

    Ѓорѓиевски: Слободата на Скопје е платена со највисока цена, наша должност е да го изградиме градот достоинствено

    13.11.2025 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.