Ангелов: Убеден сум дека ќе останам директор на ЦУК

 

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов во вечерашната емисија Клан дебата со Љубиша Николовски рече дека тој не бил дезертер да напушти нешто и дека функциите се минливи. Прашан, дали ќе си замине од функцијата директор на ЦУК, Ангелов укажа дека државата се наоѓа во специфична ситуација.

,,Талат Џафери е технички премиер. Во овој момнет најголема партија е СДСМ. Ние до пред неколку дена бевме во коалиција со СДСМ. Мое убедување и убедување на СДСМ е дека треба  да останам. Го разбирам и Талат Џафери и тој се наоѓа во непријатна ситуација затоа што претходно се разрешија министри од крилото на Тавари. Мој став е да останам до крај и да ја послушам сугестијата од врвот на СДСМ. Јас се трудам да бидам искрен, јас не фрлам со дрва и камења по моите коалициски партнери. Мечките се будат од зимски сон, доаѓа сезона на пожари, поплави. Јас сум член на НАТО комитетот. Ако не одам во Вашингтон ќе имаме непроценливи штети”, изјави Ангелов.

Ангелов повтори дека тој е одговорна личност и дека му било кажано од  Ковачевски  да останена позицијата директор.

,,Имам дозвола од Миле Зечевиќ кој ми кажа седи таму, државата е во прашање. Мислите дека сакам да останам во ЦУК да работам? Во канцеларијата имам само две цвеќиња а кога ќе си одам  ќе викнам жива музика и ќе фрлам камен”, рече Ангелов.

27.03.2024 - 21:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега