Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Започна Академијата за дигитални вештини на јавната администрација

    Андоновски: Започна Академијата за дигитални вештини на јавната администрација

    17.09.2026 во 13:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за дигитална трансформација, со поддршка на Европската Унија, ја започна Академијата за дигитални вештини на јавната администрација.

    Во рамките на деветмесечната програма, повеќе од 160 административни службеници ќе ги унапредуваат своите дигитални знаења и вештини во областите на програмирањето, мрежите и безбедноста, развојот на софтвер, тестирањето, употребливоста и современите дигитални процеси.

    На денешниот официјален почеток на Академијата, пред присутните се обрати министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој истакна дека целта не е само обука на административните службеници, туку и создавање кадар што ќе ја предводи дигиталната трансформација во своите институции.

    „Овие службеници треба да станат амбасадори на националните ИКТ-проекти во своите институции – од uslugi.gov.mk и интероперабилноста, до еДМС, Централниот регистар на население, системите и клучните регистри што ја градат дигиталната држава. Тие треба да бидат луѓето кои ќе ги разбираат системите, ќе ги користат подобро, ќе помагаат во нивното унапредување и ќе ја пренесуваат дигиталната култура во институциите“, нагласи Андоновски.

    Министерот посочи дека новите дигитални решенија можат да го дадат својот целосен ефект само доколку администрацијата располага со потребното знаење и капацитет за нивна правилна примена и понатамошен развој.

    „Дигиталната трансформација не се случува само со нови системи. Таа се случува со луѓе кои знаат како тие системи да ги користат, развиваат и подобруваат. Продолжуваме да инвестираме во знаење, капацитет и модерна јавна администрација“, порача Андоновски.

    Академијата ќе придонесе за градење посилни дигитални капацитети во институциите, подобро користење на националните информациски системи и создавање поефикасна, модерна и функционална јавна администрација

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.