Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Министерството за дигитална трансформација е предводник на процесот на усогласување со Реформската агенда, нотирано и од Европскиот извештај

    Андоновски: Министерството за дигитална трансформација е предводник на процесот на усогласување со Реформската агенда, нотирано и од Европскиот извештај

    10.11.2025 во 15:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната панел-дискусија во Стопанската комора на тема „Планот за раст за Западен Балкан и националната Реформска агенда – зошто се важни за бизнис секторот?“, Министерството за дигитална трансформација беше истакнато како институција што ја предводи реализацијата на клучните реформски чекори нотирани во годинешниот Европски извештај за напредокот на државата.

    Во своето обраќање, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека токму дигиталните реформи придонесоа Македонија да ги исполни обврските во првиот пакет на Реформската агенда.

    Андоновски ја нагласи оценката од Европската комисија, според која државата постигнала „видлив и мерлив напредок во сајбер-безбедноста, дигиталните услуги и интероперабилноста“, а Министерството за дигитална трансформација е препознаено како институција која „обезбедува стабилна основа за брза и координирана имплементација на европските стандарди“.

    Тој потсети дека во изминатата година Министерството ги реализираше реформите што беа предуслов за отворање на нов финансиски простор од Планот за раст, меѓу кои:

    Законот за безбедност на мрежи и информациски системи, усогласен со NIS2;

    Законот за електронска архива, Законот за електронска идентификација и унапредувања на Националната платформа за интероперабилност;

    Нови дигитални услуги преку порталот uslugi.gov.mk.

    Министерот посочи дека овие резултати не се административни чекори, туку конкретни подобрувања кои го намалуваат административниот товар за компаниите, ги скратуваат процедурите и создаваат повисоко ниво на предвидливост во деловното опкружување.

    „Нашата цел е да создадеме дигитална држава што им овозможува на компаниите да работат поефикасно, со пониски трошоци и со услови што се приближуваат до европскиот единствен пазар,“ изјави Андоновски.

    Министерот посочи дека Планот за раст на Западен Балкан носи можности за подлабока економска интеграција, а дигиталната компонента е една од клучните.

    Министерството веќе работи на:

    Засилена интероперабилност;

    Вклучување во регионални дигитални инфраструктури и суперкомпјутерски капацитети;

    Поддршка на МСП преку Европскиот дигитален иновациски хаб INNOFEIT EDIH;

    Развој на Националниот центар за вештачка интелигенција „Везилка“.

    Настанот го организираше Стопанската комора, а на панелот учествуваа претставници од бизнис секторот, граѓанскиот сектор, Министерството за европски прашања и Министерството за дигитална трансформација.

    Прочитај повеќе

    И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите

    19.09.2026 во 15:29

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.