Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зимата рано се буди: Метеоролозите откриваат кога паѓа првиот снег во Македонија
    • Македонија се создаваше низ лелеци и крици, не низ аплаузи: Премиерот со силни пораки за Денот на Македонската борба
    • Скопјанка оштетена за 2.000 евра: Се претставил како катастарец и ѝ ветил приватизација на државно земјиште
    • Полициска акција ширум Скопје и околината: Приведени повеќе лица поради поседување дрога
    • Доделени државните награди „23 Октомври“: Јолевски, Стојков и Лилчиќ Адамс се годинешните лауреати
    • Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови
    • Мицкоски: Откако сум премиер сите говорат за желбите, а никој за планините што ги носам
    • Франција пред нов бран протести како во короната: Воведени полициски час и забрани за собири, затворен музејот Лувр
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Ќе градиме современ Национален дата-центар за консолидација на државната ИТ инфраструктура

    Андоновски: Ќе градиме современ Национален дата-центар за консолидација на државната ИТ инфраструктура

    07.08.2026 во 20:583 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија ќе добие современ Национален дата-центар кој ќе ја консолидира расцепканата државна ИТ инфраструктура, ќе обезбеди повисоко ниво на заштита на податоците и ќе создаде основа за развој на нови дигитални услуги и технологии.

    Ова го истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ во централниот дневник на Сител ТВ.

    Според Андоновски, денес државните информациски системи и опрема се распоредени во повеќе од дваесет помали дата-центри и серверски локации, што создава дополнителни трошоци за опрема, електрична енергија, ладење, непрекинато напојување, одржување и безбедност.

    „Не можете да градите дигитална држава, а истовремено да се грижите за десетици серверски простории и опрема распоредени низ целата држава. Пластично кажано, тоа е како да управувате со 20 мали ниви расцепкани од Охрид до Куманово и од Скопје до Струмица – на секоја локација ви требаат опрема, луѓе, логистика и безбедност. Националниот дата-центар ќе ни овозможи сето тоа да го консолидираме и да воспоставиме единствени стандарди“, изјави Андоновски.

    Тој нагласи дека Националниот дата-центар е инфраструктурен проект кој треба да ја поддржи следната фаза од дигиталната трансформација на државата – растот на електронските услуги, интероперабилноста меѓу институциите, државниот облак, дигиталниот идентитет и примената на нови технологии.

    „Ако сакаме повеќе услуги да бидат достапни целосно онлајн, ако сакаме институциите автоматски да разменуваат податоци и ако сакаме да користиме вештачка интелигенција и современи cloud технологии, мора да имаме инфраструктура што може сигурно да го носи сето тоа. Националниот дата-центар е основата на дигиталната држава за следните две до три децении“, рече Андоновски.

    Првата фаза од проектот е проценета на околу 20 милиони евра, при што средствата се обезбедуваат преку Планот за раст и Реформската агенда. Околу 30 проценти од инвестицијата се грант-средства, додека за останатите 70 проценти се разгледува поволно финансирање со меѓународни партнери.

    Андоновски посочи дека економската оправданост на проектот треба да се гледа во однос на трошоците што државата веќе ги има за одржување на повеќе од дваесет одделни системи.

    „Денес за секоја од овие локации одделно плаќаме електрична енергија, системи за ладење, непрекинато напојување, мрежна и серверска опрема, физичка и сајбер-безбедност и одржување. Со консолидацијата добиваме економија на обем, подобра искористеност на опремата и многу повисок и унифициран стандард на безбедност“, истакна министерот.

    Во однос на енергетските и еколошките аспекти, Андоновски нагласи дека станува збор за компактен државен дата-центар со инсталирана моќност под 1 MW, димензиониран за потребите на јавниот сектор.

    „Важно е да ги ставиме размерите во вистински контекст. Не градиме комерцијален hyperscale дата-центар од 100 или 150 мегавати. Зборуваме за центар со помалку од 1 мегават инсталирана моќност, кој ќе служи за потребите на државата и граѓаните“, рече Андоновски.

    Проектот веќе е предмет на физибилити студија, а во следната фаза ќе се утврдат конечната локација, елаборатот за животна средина, техничкото решение и моделот на реализација. Пред почетокот на изградбата ќе бидат спроведени сите потребни еколошки и технички постапки.

    Предвидено е користење на современи технологии за енергетска ефикасност и ладење без потрошувачка на вода, а техничките параметри на проектот ќе бидат јавно презентирани пред донесувањето на конечните одлуки.

    „Целта не е само да изградиме нов објект. Целта е државата да добие сигурна, ефикасна и долгорочно одржлива дигитална инфраструктура врз која ќе функционираат услугите што секојдневно ги користат граѓаните и компаниите“, заклучи Андоновски.

    Прочитај повеќе

    Зимата рано се буди: Метеоролозите откриваат кога паѓа првиот снег во Македонија

    23.10.2026 во 13:38

    Македонија се создаваше низ лелеци и крици, не низ аплаузи: Премиерот со силни пораки за Денот на Македонската борба

    23.10.2026 во 13:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.