Андоновски: Балансерот при вработување треба да биде минато во Македонија
Дополнителниот заменик на министерот во Министерството за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, вечерва гостуваше во емисијата „За или Против“ на телевизија Алфа.
Андоновски се осврна на напливот на вештачки вработувања во сите министерства и институции, каде се вработуваат етнички Албанци во средини како Берово, Пехчево или Ново Село, а и лица се пријавуваат со најразлична етничка припадност, само за да бидат примени.„Балансерот треба да биде минато во Македонија. Времето на балансирање на кадрите по етнички клуч, за некој прво да биде Македонец, Албанец или Турчин, па потоа професионалец мора да заврши.“
Според Андоновски, со балансирање по етничка припадност заради вработување, Македонија ги избрка најквалитетните кадри од државата.
Андоновски смета дека постои решение за проблемот во две фази. „Во првата фаза, мораме да го вратиме балансерот на присутното население во Македонија, кое ќе ги вгради само луѓето кои живеат во Македонија.“ Во втората фаза, треба целосно да го напуштиме балансерот при вработување во јавната администрација.
Причина за ваквиот факт се илјадниците вработувања на кои лица ја менуваат својата етничка припадност само за да бидат примени на работа.
Во интервјуто, Андоновски анализираше дека има министерства како тоа за Политички систем, Животна средина или економија, каде бројот на вработени Македонци е значително помал од оној кој го има на пописот. „Комплетно е разорен системот одвнатре, затоа што предолго се барало етничка припадност, а потоа професионалност. Затоа треба да дојде време на вистинска професионалност, проследена со правична и соодветна застапеност“. – заклучи Андоновски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа