Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако сте веќе еднаш пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што според кажувањата на одговорно лице за електронско пријавивање, се евидентира само датата на вашата последна регистрација на сајтот, предупреди Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа вели дека разговарала со одговорно лице за електронско пријавување за вакцинација и дека тоа што го дознала треба да им биде кажано и на граѓаните.

„ На барање на повеќе граѓани кои се над 60 години и покажале интерес за вакцинација, пријавувајќи се на vakcinacija.mk, се јавив во Министерство за здравство да добијам одговор зошто овие луѓе се уште немаат добиено термин за вакцинирање, а многу помлади кои не спаѓаат во приоритетни категории, веќе го имаат сторено тоа. Од таму ме препратија да се обратам на бројот 0215444 како компетентни лица кои можат да ми одговорат. После повеќе обиди успеав да ги добијам. Јас се преставив и ги поставив моите прашања.

Госпоѓата која ми се јави беше многу љубезна и културна, но одговорот воопшто не ми се допадна. Најпрво ми рече дека се направил пресек до 30.04.2021 и оние кој се пријавиле до таа дата добиваат термин за вакцинација.

Јас и реков дека има луѓе кои се над 60 години и не само што се имаат пријавено до 30 април, туку тоа го прават секој втори, трети ден со цел дека ќе добијат термин. Е тука го слушнав она што не ми се допадна.

Госпоѓата ми одговори дека не требало да се пријавуваат повеќе пати бидејќи системот го регистрира само последното пријавивање. Ова би значело дека многумина кои се пријавиле на vakcinacija.mk пред 30.04, а потоа повторно се пријавувале, регистрирана е последната дата.

И реков дека ова е сериозен недостаток на системот и ако е така како што таа ми тврди, тогаш граѓаните треба да се известени за ова, а тие како министерство да сторат нешто за проблемот да биде надминат“ напиша Андоновска.

11.06.2021 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега