Трајан Димковски, поранешен министер и заменик министер за земјоделие од редовите на СДС, како и шеф на кабинет на Љупчо Николовски, во периодот од 2019-2021 година заедно со други 4 службени лица, направил отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност близу 800.000 евра, изјави за медиумите Викторија Андоновска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Пченицата е отпишана, иако постоела и била употреблива, рече Андоновска.
„Димковски поднел записник до Владата дека има кусок на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви за период од 2007 до 2021 година, а Филипче, Заев и Николовски без никакви проверки го донеле заклучокот на владина седница.
Дека станува збор за криминал говори фактот дека за ова немало законска основа бидејќи до 2019 година за извршените контроли, немало ни еден извештај дека има кусок на јачмен и пченица. Во превод, кусокот бил од 2019 до 2021 година“, посочи Андоновска.
Андоновска посочи дека јавноста заслужува да знае каде завршиле овие 2.000 тони јачмен и пченица? Дали е точно дека имаат завршено на црниот пазар во една соседна држава? Дали и Љупчо Николовски, покрај Димковски и останатите, се има нафатирано од овој криминал? Дали Николовски изминатиот период е толку гласен во јавноста затоа што е вмешан во овој случај па е исплашен од одговорност?
„Граѓаните заслужуваат правда и одговорност, а СДС треба да престане да ги брани криминалците од своите редови. Тоа време заврши“, нагласи Андоновска.
Актуелно
- Николоски: Се надевам дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира
- Николоски: Наскоро ќе има и нова линија Виена-Охрид
- Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Кралството Шпанија
- Петкоска: Измените на Кривичниот законик се силно поддржани од стручната јавност
- Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо
- Битиќи: За 30% поскапе и возачката дозвола, трошоците за живот го притискаат семејниот буџет на граѓаните
- Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра
- Мицкоски: Инвестираме во младите, заклучно до денес издадени се 39.012 ваучери за електронски уреди за студентите

