Андоновска: Цело Скопје е киднапирано од одредена група на луѓе блиски до Арсовска

 

„Ние одговори еве веќе подолго време не ни добиваме од градоначалничката. Она што е наша обврска како советници, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ е да одговориме на сите оние барања кои што ги имаат граѓаните, да одговориме на нивните прашања. Граѓаните ни ги поставуваат нам прашањата, а ние како советници треба од Градот Скопје, од јавните претпријатија, од градоначалничката, од службите да побараме одговори. За жал ние одговори веќе подолго време немаме. А, транспарентноста кон медиумите, кон советниците и кон граѓаните е под нула во моментов“, истакна Марија Андоновска, советник во Советот на Град Скопје од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Андоновска додаде дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати јавно ја имаат повикано градоначалничката за да се обрати кон граѓаните и да им одговори на нивните барања. Дури и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ исто така има подадено рака на градоначалничката се со цел да се седне на маса и да се разговара за актуелните проблеми кои што се случуваат во градот Скопје.

„Ние сме советничка група која што може да се пофали со најмногу поднесени амандмани, иницијативи, прашања, одлуки, но за жал и оние одлуки кои што се прифатени, или пак се донесени не се реализираат од страна на градоначалничката“, појасни Андоновска.

Таа посочи дека кога некој советник ќе излезе и ќе ја запраша градоначалничката зошто некоја одлука не е реализирана, тогаш наместо одговор советникот од градоначалничката добива напади.

„Кога нема со што да се пофалиш тогаш напаѓаш. Место да излезе градоначалничката и да ни каже да тоа и тоа не е сработено. Таа нема што да ни каже. На граѓаните им е преку глава од случувањата кои што се случуваат во Град Скопје“, нагласи таа.

Андоновска укажа дека цело Скопје е киднапирано од одредена група на луѓе блиски до Арсовска. Сите граѓани кои ќе се побунат против начинот на работата на градоначалничката сите за нејзе се мафијаши. За градоначалничката мафијаши беа и возачите на автобуси, кондуктерите, па сега и вработените во „Комунална хигиена“.

 

„Ние немаме увид на она што се случува во јавните претпријатија, ниту во Градот Скопје. А, денеска на прес конференција слушнавме како градоначалничката обидувајќи се да ја заштити диекторката на комуналното претпријатие ја втурна во нешто што таа нема да може да излезе. Зошто го велам ова? Од причина што вели дел од луѓево не доаѓале на работа, не биле тука, дури не биле ниту во Македонија, а земале плата. А, директорката е тука веќе 11 месеци и 11 месеци потпишувала плата“, рече таа.

 

10.07.2023 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега