Ана од ДНК: Си замина дел од моето второ семејство, заедно со нив и душава моја

 

Владимир Блажев - Панчо, придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев, се единствените тројца од ДНК кои се спасија кобната ноќ кога изби пожар во дискотеката Пулс во Кочани, каде за жал загинаа 59 лица, меѓу кои и членови на бендот.

Придружниот вокал и професорка по музика, Ана Костадиновска, се збогуваше со своите колеги од групата „ДНК“, кои трагично го загубија животот во катастрофалниот пожар што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Таа се огласи за прв пат по трагедијата, денеска кога треба да ги испрати своите пријатели и соработници во вечниот дом.

-Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина… а, кој би рекол дека празнината може толку да боли, напиша Ана.

За својата другарка и колешка Сара Пројковска напиша: – Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа, ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден.

Погребот на Сара Пројковска е закажан за денес од 12 часот на гробиштата во Лисиче во 12 часот.

Денеска ќе биде погребан и Андреј ДНК.

20.03.2025 - 13:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега