Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива без поголеми проблеми, а коловозите се суви. Интензитетот на сообраќајот надвор од населените места е умерен.
Според АМСМ, на граничните премини од македонска страна во моментов нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни при управувањето со возилата.
Поголема внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. На ова особено треба да се внимава на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.


