Американски полковник: Украинските сили се опколени- Зеленски загуби играта е готова

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски загуби, САД веќе му кажаа дека ќе ја поддржат неговата одлука доколку ја избере неутралноста на Украина, изјави поранешниот советник на шефот на Пентагон, полковник Даглас Мек Грегор.

– Путин рече дека нема да толерира американски војници и ракети на неговите граници. Исто како што ние нема да толерираме руски трупи и оружје во Куба. Го игнориравме и тој почна да дејствува, изјави Мек Грегор.

Американскиот полковник смета дека битката во источна Украина, генерално, е речиси завршена бидејќи таму се опколени и отсечени вооружените сили на Украина.

– Од 30 до 40 илјади украински војници се концентрирани на југоисток – доколку не се предадат, ќе бидат уништени, оценува поранешниот советник на шефот на Пентагон.

Тој објасни дека Зеленски се согласил на преговорите бидејќи му е јасно дека ќе мора да се договори со Русија, да преговара за најдобрите услови што може да ги добие.

Мек Грегор е убеден дека САД не треба да се мешаат во Украина, вклучително и санкции.

– Путин сака неутрален статус на Киев. Ако ја земе Украина, ќе го добие НАТО на своите граници. Тоа е она што тој не го сака – нагласува Мек Грегор.

 

03.03.2022 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега