Вчера во 13:53 часот во СВР Штип 72-годишна жена од Штип пријави дека од едно лице била измамена за 2.600 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници. Затоа требало итно да се оперира, а за операцијата требало да се плати, додека нејзиниот зет давал крв.
Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но потоа сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- Професорката Тања Каракамишева стана советничка на Мицкоски
- Путин: Внимателно следам што се случува во Иран
- Гаши се сретна со Памер: Австрија ја поддржува Македонија кон европскиот пат
- Муцунски и се јави на Кос: Во фокус проблемите на превозниците
- Мицкоски: Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани – ова е само последица на изборот на судии во едноумието во 1996 и антиуставниот имплант СЈО
- Google подготви моќен одговор: Chrome добива едно од најголемите ажурирања досега
- Лавров: Не нè интересираат „јавните игри“, ќе прифатиме само реални предлози за Украина
- Крај на протестите: Вечерва од 20 часот се ослободуваат сите гранични премини

