Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од 1 септември промени во правилата за паркинг на аеродромот во Скопје
    • Нафтата поевтинува, растат надежите за Ормускиот Теснец
    • Постојано се вљубуваат во погрешни – три хороскопски знаци не учат од лошите искуства
    • Три часа 23 луѓе виселе заглавени на рингишпил во Хамбург
    • ТОП10 најбогати пратеници во Македонија – двајца се веќе милионери
    • Утре одиме во портокалова фаза: Уште еден пеколен ден – попладне може и да заврне
    • Зимата ќе биде студена: Европа се најниски резерви на гас во последните 13 години
    • Скопје и Белград утре го потпишуваат договорот за гасовод
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: Процесот на вработувања во здравството е при крај, не е неисполнето ветување

    Алиу: Процесот на вработувања во здравството е при крај, не е неисполнето ветување

    18.09.2025 во 09:262 Mins Read
    ФОТО: Министерство за здравство
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за здравство Азир Алиу вели дека процесот на вработување на 150 здравствени работници во Клиничката болница во Тетово е при крај и не станува збор за неисполнето ветување, туку за процес што е започнат и е при крај.

    „Ние не ветивме, туку реализиравме. Процесот не е целосно завршен, но, сите чекори за вработување на овие лица се завршени, освен потпишувањето на договорот и завршната средба со директорот. Ова е процес што веќе е во тек и не може да се поништи. Ниту министерот, ниту директорот не можат да одлучат да го откажат по локалните избори – едноставно тоа не е можно“, рече Алиу во интервју за Алсат-М.

    Сите кандидати биле тестирани и конечната листа била составена. Сега останувало само последната административна фаза, што вклучувала кратка средба со директорот и потоа потпишување на договорот.

    Министерот исто така најави дека покрај овие работни места што се во процес, ќе има и нови вработувања, поради големиот недостиг на кадар во здравствениот сектор во државава.

    „Здравствениот сектор е еко-систем што се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри, технички кадар и лекари. Ние не можеме да го планираме буџетот врз основа на минатото, туку според реалните потреби. Во моментов го изработивме првиот нацрт-скен на состојбата и имаме две сценарија: институции со сериозен недостиг и институции со повеќе кадар отколку што е потребно“, појасни министерот.

    Министерството подготвувало внатрешна реорганизација за балансирање на медицинскиот кадар во согласност со потребите, како и за зголемување на транспарентноста и ефикасноста на услугите.

    „Ќе има реорганизација на услугите и кадарот. Ќе биде потребно време, но, целта е здравството да стане поквалитетно и потранспарентно. Со дигитализацијата како трета столбна точка на реформата, граѓаните ќе имаат пристап до информации во реално време за секоја услуга и процес – вклучително и случаите кога има доцнења или пречки“, додаде Алиу.

    Featured
    Прочитај повеќе

    Од 1 септември промени во правилата за паркинг на аеродромот во Скопје

    26.08.2026 во 22:45

    ТОП10 најбогати пратеници во Македонија – двајца се веќе милионери

    26.08.2026 во 22:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.