Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: Од утре почнуваме со дводневна скрининг програма за сите жители на Трубарево и околината

    Алиу: Од утре почнуваме со дводневна скрининг програма за сите жители на Трубарево и околината

    23.09.2025 во 20:503 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во оваа фаза е битен скринингот на пулмолози за жителите на Трубарево, но овој процес нема да застане тука, изјави вечерва министерот за здравство Азир Алиу.

    -После хаваријата имавме и хоспитализирани и третирани граѓани од Брза помош кои живеат во тој радиус каде што се случи пожарот. Оттогаш досега немаме хоспитализирани пациенти, но затоа за да превенираме секаков вид на здравствени заболувања од утре почнуваме дводневна скрининг програма за сите жители на Трубарево и околината. Ќе одат два тима на лекари со медицински амбулантски возила и на лице место ќе направат скрининг на здравствената состојба на нашите граѓани, рече Алиу во гостувањето на „Топ тема“ на ТВ Телма. 

    Тој појасни дека ако лекарите проценат дека здравствената состојба е таква која бара понатамошен здравствен третман, тогаш во сабота и в недела ќе се работи само со тие пациенти на Клиниката за пулмологија на Клинички центар, за да може понатаму ако треба да се третираат и да се направи прграма за тие граѓани.

    -Ние како Министерство за здравство ги следиме и правиме скрининг на здравствената состојба. Исто така Институт за јавно здравје ќе ги следи процесите таму. Протоколот вели дека мора да се анализира почвата, воздухот и водата, после првиот дожд пак треба да се тестираат, исто така и после еден месец. Тоа е строг Протокол којшто ние го почитуваме и ќе излеземе со резултати како што излеговме и со првичните резултати каде што и јасно се гледа дека таму нема радијациска активност и сега ќе ги следиме процесите на вода, почва и воздух… Исто така Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство ќе направиме програма за да може да се работи со млади и со возрасни лица во тој регион, рече Алиу.

    На прашањето зошто не се вклучени и токсиколози, со оглед на тоа дека експерти укажуваат на последиците по здравјето од горењето литумски батерии, кои можат да предизвикаат не само белодробни заболувања туку и рак, тој нагласи дека во оваа фаза битни се пулмолози за да се види дали има промени во дишните патишта, а потоа веројатно ќе се третираат и од други експерти.

    Коментирајќи го барањето од страна на опозицијата за негова остаква, бидејќи според нив, цела екипа не дејствувала како што треба за време на хаваријата, тој вели дека нема место за критика.

    – Ние веднаш формиравме институционална кризна група и кризна група внатре во Министерството за здравство за да може да ги следиме здравствените промени. Другиот ден организиравме група на експерти и на лекари, беа таму на лице место со амбулантски возила за евентуално ако има потреба веднаш да се реагира. За жал, и во овој случај опозицијата сакаше да излезе малце од тие протоколи и да критикува таму каде што реално немаше место за критика. Уште пожално е кога лидер на опозција е доктор и во ваква ситуација, знаејќи ги тие протоколи, излегува и прави политика во ваква ситуација, рече Алиу.

    На прашањето дека експерти велат таму е контаминирана почвата и оти таму нема да може да се сади подолго време, Алиу кажа дека не може да се излезе со комплетен извештај, без да се соберат сите податоци.

    -Секојдневно имаме информации од сите институции што се случува во таа област, за да можеме ние да превенираме ако имаме индикатори, Сакам да ве уверам дека овој процес нема да застане тука и дека работната група работи и ќе излеземе со извештај, но притоа не смееме да излеземе и како институција и како држава со извештај без да ги имаме сите податоци, истакна Алиу.

    Прочитај повеќе

    Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

    09.06.2026 во 22:37

    Силјановска Давкова на прием во Британската амбасада: Обединетото Кралство е наш стратешки партнер

    09.06.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.