Алијанса прифати: Африм Гаши да биде нов мандатар - се чека уште само ДУИ

Алијанса за Албанците го поддржува предлогот на Мицкоски Африм Гаши да биде нов мандатар на Владата, потврди денеска на прес конференција партискиот потпретседател Елми Азири
„И ние повикуваме на формирање на експертска или техничка влада за што побрзо да имаме предвремени избори поради лошото менаџирање на кризата. Што се однесува до предлогот на господинот Мицкоски, претпоставувам дека господинот Мицкоски кај господинот Гаши видел капацитети за справување со сите кризи што се случуваат во Македонија но и со решавање на евроинтегративниот процес, односно деблокирање на тој процес, така да ние го поддржуваме тој предлог, зошто да не“ – изјави Елми Азири, потпретседател на АЛијанса за Албанците.
Мицкоски попладнево предложи Африм Гаши да биде нов мандатар. За тоа побара поддршка и од ДУИ. Во ДУИ официјално молчат. До овој момент немаме одговор на нашите прашања упатени во Мала Речица

 

17.12.2021 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега