Али Ахмети: Сите граѓани мора да ја предводат државата кон ЕУ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од сопартијци, вечерва ги продолжи средбите со граѓаните на општина Врапчиште. Пред присутните, покрај Ахмети, се обратија и претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот потпретседател на Владата Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, пратеникот Бајрам Кадрија и претседателот на огранокот на ДУИ во Врапчиште Неби Реџепи.

„Денеска ми е жал што салата е мала, а интерсот за ваше присуство е голем. Сакам да се задржам на две прашања за дискусија, зошто се обврзуваме и против што се обврзуваме?

Посветени сме на мир, стабилност, безбедност, ветинг, благосостојба. Во гласањето треба да се вклучат сите политичари, без разлика дали е голема или мала партија, да видиме како се и како биле овие политичари, сите без исклучок! Слушаме обвинувања и клевети за кражби, но јас не се занимавам со празни изговори. Посветени сме на обединување на политиките во државата, затоа што сега е решавачкиот момент за единство и заеднички јазик, сега е моментот за проевропскиот фронт. Албанците заедно со нашите сограѓани мора да се обединат, па да не се зафаќаме со теми поврзани со изминатите 20 години, туку да гледаме во иднината“, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„ДУИ е излезена од важни процеси, затоа мора да се инвестира во младите и да се жртвуваме за нивно добро. Јас имав 40 години кога ја почнав војната, па денес многу генерации пораснаа со ДУИ.

Се залагаме против бирократијата, за транспарентност и отчетност бидејќи тоа се пари собрани од даночните обврзници. Скринингот мора да биде завршен во ноември, така што овој процес мора да го поминеме чекор по чекор“, додаде тој.

„Имаме уште многу работа, бидејќи само така ќе се приближиме до Европа. Така се постигнува подобар стандард и се запира миграцијата и луѓето остануваат и се враќаат во својата земја. Да ги обединиме сите Албанци, да го направиме проевропскиот фронт, да ги повикаме нашите македонски сограѓани и да ја водиме оваа земја кон ЕУ . Со НАТО добивме многу, имаме безбедност во државата и сме еднакви со сите земји членки. Се бориме против криминалот, корупцијата, поделбите, затоа што работевме и ќе работиме за единство и зближување околу заедничката платформа, за новите генерации, затоа што на нивни плеќи се креваат други генерации. Се гордеам со нашите кадри секаде каде што се претставуваат, затоа мора да инвестираме во квалитетни кадри, изјави Ахмети.

31.01.2023 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега