Close Menu
Press24
    Најново

    Во вторник авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

    07.08.2026 во 23:43

    Трамп: Нема американско државјанство преку раѓање

    07.08.2026 во 23:41

    Сиљановска Давкова на Свечената академија во Вевчани: За мене Вевчани е синоним за Република

    07.08.2026 во 23:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во вторник авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје
    • Трамп: Нема американско државјанство преку раѓање
    • Сиљановска Давкова на Свечената академија во Вевчани: За мене Вевчани е синоним за Република
    • Гужва на Табановце: За влез во Македонија се чека речиси еден час
    • Двајца струшки пожарникари повредени при интервенција во селото Долна Белица
    • Откажан летот од Солун за Германија со 150 патници – птица влегла во мотор
    • Д-р Даниловски: Внимавајте на тигрестите комарци, отстранете ја застоената вода околу домот
    • Во недела е Свети Пантелејмон: Заштитник на патниците и заштитник од болести
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ален Рустемовски и Катерина Попева избрани за спортисти на годината

    Ален Рустемовски и Катерина Попева избрани за спортисти на годината

    29.01.2026 во 23:411 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Боксерот Ален Рустемовски, освојувач на сребрен медал на Европското првенство до 23 години во Ереван, Ерменија, е прогласен за спортист на годината.

    Признанието за најдобра спортистка ѝ припадна на Катерина Попева, која се закити со златен медал на Светското првенство во фитнес и бодибилдинг.

    За најперспективен млад спортист е избран боксерот Адријан Рустемовски, освојувач на бронза на Европското првенство во Ереван, додека во женска конкуренција наградата ја доби Даниела Алексовска.

    Таа зад себе има златен медал од Европското првенство во мешани боречки вештини, како и бронзено одличје од Светското првенство.

    Женската ракометна репрезентација е прогласена за најуспешен женски национален тим, додека признанието во машка конкуренција го доби машката одбојкарска репрезентација. За најуспешен тренер е избран Могамед Ибрагимов, а титулата најуспешна спортска федерација ѝ припадна на Џудо федерацијата на Македонија.

    Признанието за најуспешен спортист со инвалидитет го доби Андреј Стојановски, кој го освои шестото место во дисциплината 400 метри мешано на Олимписките игри за глуви лица во Токио.

    Прочитај повеќе

    Во вторник авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

    07.08.2026 во 23:43

    Сиљановска Давкова на Свечената академија во Вевчани: За мене Вевчани е синоним за Република

    07.08.2026 во 23:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.