Алексов: Примарна одговорност на политичарите е да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19
Секој од чинителите на изборите има своја одговорност и доколку не се почитуваат мерките за заштита на здравјето и протоколите, ќе настане хаос и што е, исто така, важно во целиот овој процес, политичарите да нема кој да ги гласа, а ние како граѓани да не излеземе да гласаме. Еден од тие моменти како примарна одговорност е кај политичарите да ги почитуваат стандардите и протоколите за заштита кои се пропишани од институциите. Тоа се два метри дистанца, носење маска, не смеат да се прават големи настани… И самата кампања мора да биде во фокус од здравствен аспект. Изборите не се само ден на гласање, изјави во интервју за МИА Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација МОСТ.
-Најпрво, ќе мора да направиме една мала дистинкција како почнавме со процесот и во која фаза се наоѓаме сега. Очигледно е дека се следат работите. Уште од самиот старт предвидовме дека ќе одиме со помалку набљудувачи, најмногу поради проценките што ги направивме земајќи ги во предвид последните три гласања што се одржуваа во нашата држава.Тоа што е многу важно да се напомене е дека набљудувањето ќе се случува стриктно согласно протоколите коишто ќе бидат пропишани од страна на надлежните институции, притоа мислам, пред се, на здравствените власти коишто со нивниот импут ќе и асистираат на ДИК, да ги развие овие протоколи и да ги претвори во упатства.
Нашите набљудувачи, кои ќе бидат илјада вкупно, но со 700 ќе ги покриеме гласачките места како статични, а останатите ќе бидат дел од нашата регионална мрежа и мобилните тимови на самиот изборен ден, а регионалните координатори ќе ги следат настаните во сите општини во државата. Тоа што е важно е дека се што ќе правиме, целокупната активност на терен ќе се одвива согласно тие упатства и протоколите кои се пропишани од страна на авторитетите задолжени за процесот.
Во поглед на протоколите и здравствената заштита од тоа што можеме да видиме дека веќе се наѕираат контурите на истата. Како што кажав, два метри дистанца, носење маска, одржување хигиена на раце, се разбира доколку дојде редот според тоа што можевме да го приметиме од самите разговори во ДИК, редовно проветрување на просториите, а проструи некоја информација дека би се користеле поголеми простории и.т.н…
Да видиме што ќе се пропише и какви правила ќе бидат конкрето направени. Нашите набљудувачи како и на сите избори до сега, ќе имаат обука овојпат онлајн, ќе оди со стриктно присуство, интерактивно. Мора да кажеме дека со оглед на моменталната ситуација, на овие избори ќе ги регрутираме оние поискусните набљудувачи - кажа Алексов за МИА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа