Close Menu
    Најново

    Шукова: Отпадот е ресурс – градежниот отпад ќе го користиме за изградба на улици и патишта

    17.10.2025 во 21:08

    Премиерот објави добри вести: Американско-британска компанија инвестира 150 милиони долари во наменската индустрија, 1000 нови вработувања

    17.10.2025 во 21:02

    Утврдени над 60 неправилности во работата на превозникот – бројот на загинати во Сремска Митровица се зголемува

    17.10.2025 во 20:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Шукова: Отпадот е ресурс – градежниот отпад ќе го користиме за изградба на улици и патишта
    • Премиерот објави добри вести: Американско-британска компанија инвестира 150 милиони долари во наменската индустрија, 1000 нови вработувања
    • Утврдени над 60 неправилности во работата на превозникот – бројот на загинати во Сремска Митровица се зголемува
    • Мицкоски за правосудството: Детектирани се малкумината кои го контаминираат системот – нема да бидат дел од правната држава
    • Филипче: Со Мицкоски нема иднина
    • Митовски до опонентите: Кривопаланчанецот не се купува, кривопаланчанецот работи, гради и верува
    • Мицкоски до Филипче: Држи се до неврохирургијата – тврдењата за буџетскиот дефицит и инфлацијата не се вистинити
    • Филипче: Се враќа силата на народот – се враќа СДСМ
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Александар Рашковиќ: Трамвај и тролејбуси – Скопје повеќе не треба да се шири

    Александар Рашковиќ: Трамвај и тролејбуси – Скопје повеќе не треба да се шири

    15.10.2025 во 09:44Updated:15.10.2025 во 10:43
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во предизборниот период до локалните избори на 19 октомври, Прес 24, ќе објави интервјуа
    со кандидатите за градоначалник на Скопје. Тие интервјуа се предвидени да ги отсликаат нивните размислувања за неколку клични точки кои се важни за идниот развој на Скопје.

    Интервјуата се дефинирани на исти теми и прашања, од кои гласачите ќе можат да направат компаративнин анализи на идеите на кандидатите за тие теми. Во темите опфатени се јавниот превоз, урбанизацијата на градот, чистотата, сообраќајните коридори, организацијата на локалната власт.

    Шесттото интервју е на Александар Рашковиќ, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од ТМРО

    ПРЕС24: Јавниот градски превоз е една од црните точки на Скопје. Кои се Вашите позиции за ова? Што му треба на Скопје? Метро, трамварј, автобуски јавен превоз?

    РАШКОВИЌ: Јавниот превоз во Скопје одамна е болна точка — и тоа не поради луѓето што го користат, туку поради системот што не се реформира. Мојата визија е јасна: Скопје мора повторно да стане град што дише и се движи со ред. Наместо да сонуваме за скапи метро-проекти кои би го задолжиле градот со генерации, треба да вложиме во паметен, чист и тивок јавен превоз. Планот е воведување тролејбуси и електрични автобуси на пократки линии, кои ќе се надоврзуваат на трамвајската линија што ќе се протега долж текот на Вардар – од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Трамвајот ќе биде ’рбетот на градот, еколошки, елегантен и тивок, а тролејбусите и електричните автобуси ќе ја поврзат секоја населба со тој централeн коридор. Скопје заслужува систем што ќе функционира како градска мрежа, а не како хаос на тркала. Со ова, градот ќе стане почист, потивок и покултурен – како што му прилега на една европска метропола.

    ПРЕС24: Каков е Вашиот план, што може да се очекува како решение и до кој обем во мандат од 4 години?

    РАШКОВИЌ:  Сè може да се реши – доколку се менаџира со ум, визија и дисциплина. Четири години не се малку. Тоа се 1460 денови и ноќи. Во тој период Земјата четири пати го заобиколува Сонцето, а човекот – ако сака и ако знае – може цел град да го преобрази. Мојата визија е првиот ден од мандатот да биде почеток на редот во сообраќајот. Во првата година – се редизајнира мрежата на улици и линии, се поставуваат приоритетни семафори и издвоени ленти за јавен превоз. Во втората – се почнува со изградба на трамвајската траса по Вардар и воведување на електрични автобуси и тролејбуси. Во третата – се завршуваат новите паркинг-зони и дигиталниот систем за следење и контрола на сообраќајот. А во четвртата – Скопје конечно дише во ред, со јавен превоз што функционира, улици што не се задушуваат и воздух што не труе. За тоа не треба чуда, туку волја, систем и одговорност. Јас не ветувам невозможни проекти – ветувам организација што ќе донесе резултат. И по тие 1460 дена, граѓаните ќе кажат: Да, Скопје конечно се движи – и тоа во вистински правец.

    ПРЕС24: Втора клучна точка е сообраќајот во главниот град. Имате ли план за проширување, намалување, или пак за реорганизација на сообраќајници и булевари?

    РАШКОВИЌ:  Да, имам – и тој не почнува со асфалт, туку со разум. Првото што ќе го направам е враќање на сите едносмерни булевари во двосмерни, таму каде што тоа е логично и безбедно. Едносмерните улици не го решија сообраќајот – само создадоа хаос, непотребни кругови и изгубено време. Скопје мора повторно да има јасен правец на движење, не лавиринт. Втората мерка е уште посуштинска: иницијатива за законска обврска – секој што купува возило, мора да има обезбедено паркинг место. Автомобил без паркинг е како куќа без темел – создава проблем, не решение. Со ова, ќе се воведе нов сообраќаен морал – одговорност пред градот, не само право на возење. Ќе се преиспитаат и сите сообраќајни решенија што се донесени без анализа – ќе се врати логиката во градот, ќе се растовари центарот и ќе се ослободи Вардарската оска од секојдневниот метеж. Нема да градиме повеќе ленти, туку ќе градиме ред

    ПРЕС24: Што со централното градско подрачје? Дали би поддржале и реализирале идеја за наплата за транзит низ Малиот Ринг со автомобили, по примерот на други метрополи?

    РАШКОВИЌ:  Не. Таквата мерка би била дополнителен товар за граѓаните, а не решение. Скопје не може да се дисциплинира со казни и наплати, туку со ред, систем и добра организација. Кога ќе се среди јавниот превоз – кога граѓаните ќе имаат брз, чист и удобен превоз – тогаш самата фреквенција на возила во центарот ќе се намали природно. Нема потреба да се воведува финансиски притисок врз луѓето за да ги натераме да остават автомобил – доволно е да им дадеме подобра алтернатива. Но, не ја исклучувам можноста да се создаде нова пешачка зона во центарот, каде што човекот, пешакот и урбаната култура ќе имаат предност пред моторите и бучавата. Тоа ќе биде простор на мир, уметност и живост, а не на казни и забрани.

    ПРЕС24: Дали на Скопје му требаат нови паркинг простори и каде?

    РАШКОВИЌ:  Хм… не. На Скопје не му требаат уште паркинзи, му треба зеленила, паркови, фонтани, културни содржини и детски игралишта. Градот не може вечно да се шири за автомобилите, а да се собира за луѓето. Секој нов паркинг во срцето на градот значи помалку воздух, помалку природа и помалку живот. Наместо да асфалтираме нови површини, треба да ги озелениме старите — да создадеме град во кој детето ќе може да трча, а не да внимава да не биде прегазено. Решението не е во повеќе паркинзи, туку во подобро управување со оние што веќе ги имаме и во развивање на културата да се користи јавен превоз, велосипед или пешачење. Скопје мора повторно да стане град за луѓето, не за автомобилите.

    ПРЕС24: Трет сериозен проблем во градот е чистотата. Кој е вашиот план за почисто Скопје?

    РАШКОВИЌ:  Скопје нема проблем со чистота, туку со односот кон градот. Чист град не се создава со казни, туку со совест, култура и ред. Мојата идеја е едноставна, но суштинска: да ги мотивирам и субвенционирам граѓаните уште во нивните домови – да започнат со селекција на отпадот уште од изворот. Пластика, стакло, хартија и органски отпад ќе се одвојуваат во посебни садови, а секој што активно учествува во системот ќе добива финансиски и даночни олеснувања. Ќе се воведе и дигитална апликација преку која ќе може да се следи чистотата по зони, со јавни извештаи, транспарентно управување и брзи реакции на пријави од граѓаните. Паралелно – ќе се воведе нова механизација, ноќна смена за чистење и редовно миење на улиците. Но најважно – ќе ја вратиме културата на почит кон просторот во кој живееме. Кога граѓанинот ќе почувствува дека градот е негова одговорност, тогаш Скопје навистина ќе стане чисто, уредно и достоинствено.

    ПРЕС24: Дали Комунална Хигиена и Паркови и Зеленило треба да се трансформираат во општински претпријатија, или да останат централизирано градско претпријатие?

    РАШКОВИЌ:  Да, сметам дека тие претпријатија треба да станат општински. Секоја општина најдобро ги знае своите улици, паркови и потреби, и токму затоа треба да ја преземе одговорноста за нивното одржување. Градот треба да биде надзорен орган, да поставува стандарди, да врши контрола и да распределува средства врз основа на реално сработеното. Буџетот од градската каса треба да се дели според резултат, а не според партиска или административна логика. Тоа значи дека општината што ќе работи добро – ќе добие повеќе. Онаа што ќе занемари, ќе изгуби. Само така ќе се создаде фер систем, во кој трудот, редот и одговорноста ќе бидат наградени. На тој начин ќе се воспостави вистинска рамнотежа меѓу градот и општините – градот ќе ја има контролата, а општините ќе ја имаат обврската да ја покажат својата ефикасност. Така се создава организиран и функционален град.

    ПРЕС24: Урбанизацијата на Скопје. Каква е Вашата политика за развојот на градот?

    РАШКОВИЌ:  Мислам дека мора да се вратиме чекор наназад – за да тргнеме паметно напред. Време е повторно да го погледнеме проектот на Кензо Танге, не за да го копираме, туку за да се инспирираме од неговата филозофија. Танге не го гледаше Скопје само како град, туку како жив организам што дише, расте и има душа. Тој создаде концепт во кој Вардар е ’рбетот на градот, а секој булевар, секој мост, секоја населба има своја логика, своја функција и мерка. Мојата политика за урбанизацијата е враќање на редот, хармонијата и човечката мерка. Ќе се почитуваат просторните планови, ќе се преиспитаат хаотичните градби, и конечно ќе се стави крај на градењето без идеја. Скопје мора повторно да стане архитектонска визија, а не урбан компромис. Наместо бетон без план, ќе градиме град со душа, со зелени оски и јасна структура. Град во кој човекот, не квадратот, е мерка за развојот.

    ПРЕС24: Во кој правец треба да се шири Скопје?

    РАШКОВИЌ:  Скопје не треба повеќе да се шири во должина, туку во квалитет. Градот не смее да расте само по број на згради и автомобили, туку по урбан ред, зелени површини и културен живот. Но ако зборуваме за насоки – треба да се шири внатрешно, не периферно. Да го оживееме она што веќе постои, да ги обновиме напуштените индустриски зони и празните простори, да ги претвориме во нови урбани квартови со паркови, култура и живот. Исток-запад долж Вардар треба да стане главната урбана оска, со трамвајска линија, пешачки и велосипедски зони, а северниот дел – Бутел, Чаир, Топанско Поле – конечно да добијат урбана инфраструктура и културни центри, затоа што и тие се Скопје. Накратко, мојата визија е полицентричен град – Скопје со повеќе живи јадра, каде секоја населба има свој плоштад, свој парк, своја душа. Тоа е вистински развој – не ширење на бетон, туку ширење на живот.

    ПРЕС24: Управувањето со отпад. Градот, државата (владата), или приватен инвеститор е решение за Дрисла?

    РАШКОВИЌ: Никаков приватен инвеститор. Не сум подготвен да ризикувам здравјето на сограѓаните за профит на некоја компанија. Кога ќе дојде хаварија — трошокот не се брои само како пари, туку како животи и семејства; тоа не може да се купи или да се отфрли со договор. Дрисла мора да остане под јавно управување — со јасна одговорност и силен надзор: Градот и државата заедно ќе ја носат одговорноста, со прецизно јасни улоги; Градот ќе управува оперативно, државата ќе обезбеди регулаторна рамка, финансиски средства и национална поддршка; Никакви концесии без јавно разгледување, независни еколошки студии и гарантни механизми кои ја штитат населението. Во исто време, ќе ги примениме сите мудри мерки: селекција на изворот, работа со домаќинствата, развој на регионални и рециклажни капацитети, и само она што е технички и еколошки оправдано — искористување на неискористливиот остаток по највисоки еколошки стандарди. И уште поважно: транспарентност. Сè ќе биде јавно, мерењата во реално време ќе бидат достапни за сите, и ќе има независен мониторинг. Градот не смее да ќути или да крие кога станува збор за здравјето на граѓаните. Дрисла не смее да биде предмет на приватни интереси. Таа е прашање на јавен интерес, и така ќе остане.

    ПРЕС24: Имате ли идеја како Скопје да стане град со нула отпад на улица?

    РАШКОВИЌ:  Да, веќе кажав — со субвенционирање и мотивирање на граѓаните да ја започнат селекцијата на отпадот уште во сопствените домови. Секое домаќинство ќе биде дел од систем што ќе ја наградува совесноста и културата на одвојување на отпадот: пластика, хартија, стакло, органски дел. Покрај тоа, општинските јавни претпријатија ќе имаат директна одговорност за собирање, транспорт и одржување на чистотата, со јасно дефинирани зони и обврски. Градот ќе биде надзорен орган, со јавни извештаи и транспарентни податоци за тоа која општина навистина работи и која запоставува. Мојата идеја е да се создаде механизам каде чистотата ќе стане интерес, не товар. Кога граѓанинот ќе има лична придобивка да биде совесен, и кога општината ќе биде наградена ако е чиста – тогаш Скопје ќе стане град со нула отпад на улица, но со сто проценти култура.

    ПРЕС24: Постоечката локална организација. Дали треба да се менува и во кој контекст? Начин на финансирање, начин на избор на претставници, територијално? Поголема централзиација, или поголема децентралзиација?

    РАШКОВИЌ: Градот треба да биде како диригент на оркестарот — без негово водство, хармонијата се губи, но без секој инструмент, музиката нема душа. Не сакам Градот да биде монарх, туку родител на општините – да ги води, да ги поттикнува, да ги финансира, но и да ги коригира кога е потребно. Без „амин“ од градот, не треба да започне ниту еден проект од значење, но и без поддршка од градот, ниедна општина не смее да остане сама. Градот ќе биде иницијатор на модернизацијата, филтер за квалитет, гарант за транспарентност и мотиватор за напредок. Секој капитален проект мора да помине низ градска евалуација, но и да добие морална и финансиска поддршка, ако носи вистинска корист за граѓаните. Само така ќе се воспостави хармонија меѓу центарот и општините, во која сите ќе свират во ист ритам – а диригентот, Градот, ќе се грижи мелодијата да остане чиста, достоинствена и современа. Мислам дека многу сликовото одговорив,но точно и прецизно. Градот и општините треба да создадат една голема синергија.

    Популарно

    ФОТО: Последно збогум за Панчо во црквата во скопски Аеродром

    16.10.2025 во 13:40

    (ФОТО) Автобус заврши на покрив – има загинати и над 80 повредени

    17.10.2025 во 16:59

    Фудбалерот на Шкендија му се закани на градоначалникот Дехари: Ми го навредуваш семејството – нема да седиме со скрстени раце

    16.10.2025 во 10:32

    Родителите на загинатите во „Пулс“ ја менуваат стратегијата

    16.10.2025 во 13:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.