Албанија доби 90 милиони евра од ЕУ за справување со пандемијата
Европската комисија денеска одвои 90 милиони евра за Албанија, во рамки на својата програма за макро-финансиска помош поврзана со пандемијата од Ковид-19.
Албанските медиуми јавуваат дека таа држава е осма земја која е опфатена со пакетот за итни случаи тежок три милијарди евра за десет партнери за проширување и соседство. Ова има за цел да ги ублажи еконосмските последици од корона-кризата.
Средствата ќе придонесат за ублажување на тешките социо-економски последици од пандемијата во Албанија.
– Овој вирус не познава граници: ЕУ стои покрај Албанија и нејзините граѓани во овие тешки моменти. Денешната трансакција следи по одобрување на меморандумот за разбирање со Албанија, во кој се утврдени условите за политика што треба да се исполнат за исплата на втората транша од 90 милиони евра. Овие услови се особено важни за подобрување на управувањето или зголемување на социјалната заштита, напиша на Твитер Луиѓи Сореца амбасадор на ЕУ во Тирана.
Оценува дека оваа програма е „силна и конкретна демонстрација на солидарност на ЕУ кон Албанија и албанските граѓани во време на оваа криза без преседан“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа