Алармантна состојбата во Германија: Рекорден број починати за еден ден

Германија забележа најголем број на смртни случаи од коронавирус изминатото деноноќие, објави денес референтниот институт Роберт Кох.

Според Институтот, во Германија до полноќ биле потврдени уште 1.244 смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи е на 43.881 од почетокот на пандемијата.Според податоците, 25.164 нови случаи на инфекција се потврдени претходниот ден.

Германските власти размислуваат да воведат построги ограничувања за да се запре стабилниот раст на бројот на инфекции во земјата.Седумдневниот дневен просек на нови случаи се зголеми во последните две недели од 23,36 нови случаи на 100 000 жители на 30 декември, на 26,03 нови случаи на 13 јануари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.01.2021 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега