Во текот на 2025 година во земјава се склучени 10.507 бракови, што претставува намалување за 5,1% во споредба со претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Наспроти ова, бројот на разводи бележи сериозен раст од 8,0% во споредба со претходната година и изнесува вкупно 2.185 разведени бракови.

Според месечната дистрибуција, граѓаните најчесто судбоносното „да“ го кажувале во август каде се склучени 1.362 бракови (13,0%), додека најмалку претпочитан месец за свадби бил март со само 473 бракови (4,5%).

Најголем дел од граѓаните стапуваат во прв брак, со учество од 92,8% кај жените и 92,1% кај мажите, додека во втор и трет брак статистички почесто стапуваат мажите.

Просечната возраст за прво засновање брачна заедница изнесува 27,5 години за невестата и 30,2 години за младоженецот.

Најголемиот број склучени бракови се регистрирани во старосната група од 25 до 29 години, додека кај разводите критична е групата од 35 до 39 години, а најкритичен период за заедницата е од 5 до 9 години по свадбата.

Exit mobile version