Мал авион се урна во областа Медулин во Хрватска.
Истарската полиција во 11:25 часот добила пријава за пад на мал авион во областа Медулин.
Сите служби за итни случаи се на местото на настанот, објави порталот 24sata.hr. Трагедијата се случила недалеку од аеродромот.
Според неофицијалните извештаи од хрватските медиуми, во несреќата загинале неколку лица. Се наведува дека четири лица ги загубиле животите.


