Актерката Силвија Стојановска се изјасни за невина за случајот со 700 килограми кокаин

Не се чувствуваат виновни, вака се изјанија денеска актерката Силвија Стојановска и нејзиниот поранешен сопруг Воислав Будисављевиќ на првото рочиште на судењето во случајот „Колибри“, пренесува Телвизија 24.

Двајцата во воведните зборови се произнесоа дека не се поврзани со трговија на кокаинот, односно со негово купување и продавање во количина од близу 700 килограми од Јужна Америка во Шпанија. 

Од друга страна пак одбраната на Стојнавоска го нарече „прикаска“ обвинението и трди дека  обвинителството нема никакви докази за потврда дека актерката Силвија Стојановска учествувала во шверц на дрога.

Судот го прифати барањето на Обвинителството за продолжување на мерките за обезбедување присуство за двајцата обвинети. Актерката Стојановска веќе неколку месеци се наоѓа во куќен притвор, а пак, Будисављевиќ во притвор.

Двајцата беа приведени на крајот на декември лани. Актерката и нејзиниот поранешен споруг со обвинителниот акт се товарат дека организирале сместување, купување, превезување на дрога од Мадрид и барале купувачи за неа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега