Актерката проговори за животната несреќа во Конго: „Веројатно ќе го изгубев животот доколку не ми помогнеа локалните жители“
Ешли Џуд раскажала сѐ за несреќата која што ја доживеала во текот на престојот во Конго, а актерката изјавила дека тогаш речиси ќе останела без своите нозе.
Преубавата актерка низ годините го упропастила своето лице со ботокс, а минатата година објаснила зошто е тоа така.
Ешли била на интензивна нега во ЈАР откако ја скршила ногата во текот на некој излет во Конго. 52-годишната актерка за „People“ раскажала како дошло до несреќата. Во текот на излетот ѝ се расипала светилката, па не го видела стеблото кое што се нашло на патот, паднала и ја скршила ногата.
„За жал, во Конго нема прифатлива опрема во болниците за повреди како моите, па мораа да ме преместат во ЈАР. Поради безбедност бев на операција која што траеше речиси 55 часа откако се случи несреќата“, раскажала Џуд, па зборувала и за состојбата во која што се наоѓаат жителите на Конго.
Таа истакнала дека тамошните луѓе немаат ниту таблети за ублажување на болките.
Тогаш објавила и фотографија на својот Инстаграм профил, а исто така признала дека веројатно би го изгубила животот доколку не ја добиела потребната помош.
„Без своите браќа и сестри од Конго, веројатно внатрешното крварење би ме убило и би ја изгубила ногата. Се разбудив плачејќи, благодарна и длабоко допрена со сите потези кои што ги направија во текот на 55-часовниот исцрпувачки процес, што ми го дадоа животот и ми го спасија духот“, раскажала Ешли.
Инаку, Ешли е позната по многубројни успешни серии и филмови, а за своите улоги добивала и многубројни признанија.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа