Ако сонувате змија- ретко е добар знак

Соновите со змиите ретко се позитивни. Да се види една или повеќе змии во сон, обично означува дека ви претстои некоја опасност, непогода или лош период во животот. Исто така може да означува и проблеми со пријателите, блиското семејство, особено со сопругот или сопругата.

Сон дека ве каснала змија

Ако сонувате дека ве каснала змија, тоа е предзнак дека некој ќе ве наклевети за нешто. Иако не сте скарани со никого, секогаш се наоѓаат личности на кои не сте им драги. Водете сметка кому ги кажувате вашите интимни работи.

Сон дека убивате змија

Да се убие змија во сон значи дека ќе ги победите вашите непријатели. Конечно ќе излезете победник на сите полиња, а на работа ќе докажете дека сте подобри од вашата конкуренција.

Сонување повеќе змии

Сонувањето повеќе змии ве предупредува дека ве очекува мала непријатност. Не зборувајте многу пред другите луѓе кои не ги познавате целосно и во кои немате доверба. Можно е вашите зборови да се употребат против вас.

Сонување како држите змија во рацете

Свесни сте дека некои од вашите пријатели се лицемерни. Со оглед на тоа, неговите или нејзините постапки нема да влијаат во вашиот живот.

Сонување како ве напаѓа змија

Ако сонувате дека ве напаѓа змија или повеќе од нив, тоа значи дека имате многу непријатели кои не мируваат, ви завидуваат и не ви посакуваат ништо добро во животот. Потребно е што побрзо да ги откриете ваквите личности и да се оддалечите од нив.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2020 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега