Зголемена агресија и носење ладно оружје кај младите покажа вчерашната акциска контрола на СВР Тетово спроведена во угостителски објекти и спортски центри.

Во периодот од 14:00 до 16:00 часот, полицијата „чешлала“ локали низ градот. При контрола во објект на улицата „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени неколку ножеви и метален „боксирач“. Истовремено, во објект во склоп на Спортскиот центар, ножеви биле пронајдени кај уште двајца малолетници. Сите деца се приведени во полициска станица во присуство на нивните родители, по што ќе следат соодветни поднесоци.

Инцидент во основно училиште Полицијата регистрираше и нарушување на јавниот ред во едно тетовско основно училиште. Директорката на училиштето пријавила дека женско лице (Л.С.) се однесувала агресивно, упатувала навреди кон неа и удирала по влезната врата. Полицијата работи на документирање на случајот.

Exit mobile version