Од 17 до 23 ноември е европска недела на Операции на Камиони и автобуси на сообраќајните полиции ширум Европа.

Како членка на асоцијацијата на европски сообраќајни полиции Roadpol, македонската сообраќајна полиција врши интензивни проверки на тешките товарни возила и автобуси со цел обезбедување побезбедни патишта за сите.

Фокусот на акцијата и проверките е на:

Техничката состојба на возилата

Консумирањето на алкохол и наркотици

Проверка на документацијата и дозволите

Тешките возила имаат голема улога во секојдневниот живот – но кога безбедносните правила се игрорираат, последиците можат да бидат катастрофални. Целта на проверките не е казнување, туку превенција. Секоја проверка е чекор напред кон поголема безбедност на возачите, патниците и сите корисници на патиштата.

Exit mobile version