Акција на Финансиката полиција - осомничена блиска роднина на екс министерот Оливер Спасовски

 

 

Финансиската полиција ја тресе кумановската фирма Пин Петрол, дознава Press24.

Според наши информации, претресите доаѓаат по сомнеж за проневера на пари кои фирмата била должна да ги исплаќа на Јавното претпријатие за државни патишта. 

Според засега неофицијални информации, приведена е блиска роднина, поточно братучетка на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој сега е координатор на пратеничката група на СДСМ. 

Во очекување сме на повеќе информации од истражните органи за акцијата на Финансиската полиција.

09.04.2025 - 11:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега