Ахмети: Спорот со Бугарија ќе се реши, но треба да ни помогне меѓународната заедница

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека во спорот со Бугарија ќе се реши, но треба да ни помогне меѓународната заедница.

„Тоа прашање ќе се реши. Прво треба да се одлучи дали се за решение, и јас сметам дека и двете страни се за решение, но има неколку разлики кои го одолговлекуваат прашањето. Тие разлики се комплицирани, сензитивни, станува збор за историјата, ликовите, јазикот, и тие прашања на политичко ниво тешко е да се решат, на академско ниво никогаш нема да успеат да се договорат. Тоа пак ќе остане, според мене, на политичко ниво да се покажат храбри“, вели Ахмети.

Тој смета дека ние денеска имаме одговорност за иднината на регионот и не треба да се игра „мајтап“, туку храбро да се делува.

На прашање околу тоа што треба да направи официјална Софија во овој момент, Ахмети вели дека тие треба да го решат проблемот.

„Треба да се направи компромис. Треба да ни помогне меѓународната заедница, да ни олесни меѓународната заедница“, додава лидерот на ДУИ.

07.06.2021 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега