Ахмети: Со Османи одиме во Европа не во Русија

Ахмети се заложи функцијата претседател на Македонија да се избира во Собранието со двотретинско и со бадентеровото мнозинство, но се заложи и за воведување на функцијата заемник претседател на Македонија со цел и на чело на државата да биде застапена етничка рамноравност.

„Да избереме претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите и со двојно мнозинство од Бадентер. Бујар треба да ја очекува оваа промена која ја баравме и во нашата програма за 2016 и 2020 година. Отворањето на Уставот во случајот за избор на  претседателот ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедството и продолжување на евроинтеграциите“, набележа лидерот на ДУИ во своето обраќање.

„Кажете НЕ на Русија, ДА на Европа!“,. тоа е нашето мото за овие избори, рече Ахмети нагласувајќи дека е големо влијанието на шефот на руската држава Владимир Путин во македонското општество, во партиите и во медиумите.

„Поларната мечка, Русија, ни тропа на вратата и се меша во сите пори на нашето општество и влијае врз партиската сцена во земјата. Русија е присутна во политичките партии, во медиумите, во граѓанското општество и во секој општествен сегмент, не само овде, туку и во регионот. Путин и Лавров впрочем, изјавија дека со членството во НАТО Република Северна Македониуја се стави на линијата на огнот. Затоа молам за внимателност и за вистински избор“, рече, меѓу другото, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Сведоци сме дека членството во ЕУ не ни е можно и повторно сме  изолирани. Македонија е мала земја на крстосницата на цивилизациите. Затоа, ве повикувам да се собереме и да ја водиме последната битка од вечната војна и да кажеме ‘не за Русија, да за Европа’, заедно“, рече Ахмети.

Инаку, од вчера обраќањето беше најавувано како „Големата вест“ што ќе ја соотшти  лидерот Али Ахмети, а меѓу дел од високите функционери на партијата се пронесе и веста дека Ахмети за кандидат за претседател на државата се двоуми меѓу кичевскиот градоначалним Фатмир Дехари и Бујар Османи.

22.02.2024 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега