Ахмети се сретна со амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал: Ги започнавме подготовките за уставните измени

 

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г-дин Али Ахмети денеска се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал.

Ахмети му се заблагодари на амбасадорот Вал за постојаната поддршка што ОБСЕ ѝ ја дава на земјава, а се разговараше и за претседавањето на Република Северна Македонија со најголемата безбедносна организација во светот.

Претседавањето со ОБСЕ ќе придонесе за нова меѓународна позиција на земјата, а индиректно ќе има можности да се манифестира институционалниот капацитет што се очекува од Северна Македонија како членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ.

Реформите кои се одвиваат во земјава, скрининг процесот како и потребата од уставни измени беа и тема на разговор меѓу Ахмети и Вал, како неодолива потреба земјата да го продолжи процесот на евроинтеграции, додека Ахмети го информираше Амбасадорот Вал за фронтот на заедничко европско кој има за цел да го финализира овој процес со членство во Европската Унија.

Ахмети го информирал г-дин Вал дека владејачката коалиција ги започнала подготовките за уставните измени и изготвила план за нивно спроведување.

Ахмети и Вал разговараа и за постигнатиот договор меѓу Косово и Србија во Охрид, како единствена можност за мир и просперитет не само на Балканот, туку и пошироко, а во оваа прилика се даваше поддршка за целосна и неселективна имплементација, нагласени на одредбите од овој договор.

06.04.2023 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега