Ахмети од Скопје: На 15-ти јули победува ДУИ и премиерот Албанец

Демократската Унија за Интеграција  на преполниот плоштад во Скопје и даде голема подршка на идејата на Претседателот г-динот Али Ахмети за на 15 јули ова година да се гласа бројот 9, да се гласа за Првиот Премиер Албанец во Република Македонија. 

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети пред граѓаните на Скопје рече дека во годината зад нас заокруживме важни прашања, прашања  кои земјата ја направија поцврста, како што е членството во НАТО, Преспанскиот договор, Договорот за Добрососедтво со Бугарија и добивањето на датумот за членство во ЕУ. 

„Сега не очекуваат големи прашања за земјата наскоро да стане членка на ЕУ, ние имаме можност и храброст да се соочиме со големи теми  и воопшто не се двоумиме затоа што имаме енергија и вредности кои не ги гледам кај другите, независно  дека сакаат да се споредат со нас и со утринската сенка, мали се да се споредат со нас затоа што се богатсво и капитал, една инвестиција за 20 години, тука се скапоцени камења и вредности, а вредностите се градат со паметни и образовани луѓе. Секогаш сме ги повикале Албанците на обединување, ние секогаш сме повикале да станеме фактор, но ова волја беше еднострана и иницирана од ДУИ а другите направија локална маалска и принципатска политика", рече Ахмети. 

Во продолжение на неговиот говор, Ахмети рече дека на 15 јули ќе ДУИ ќе бидат победници.

„Ова не го велам за сам да бидам задоволен, ниту Вие да бидете задоволни,  но другите ќе се разочараат на крај. Пред нас и пред Вас е кандидатот за Премиер на Република Северна Македонија и ова идеја не ја предложивме за да се шегуваме, ја предложивме за да ја оживуваме и материјализираме и тоа ќе го направиме затоа што е наше легитимно право. Жал ми е што моите колеги македонци толку панично се однесуваат и зошто не излегуваат на дебати за да е соочат со Зибери, не станува збор тука затоа што не е на листата за пратеници, бидејќи и Мицковски од ВМРО не е кандидат но се појавува на дебати. Тие не ги имаат познавањата на Насер", истакна претседателот,г-динот Ахмети. 

Барањето на Претседателот на ДУИ,  Ахмети до симпатизерите, активистите, албанската младина, албанските патриоти и мисионери, беше на 15  јули да го дадат мечот и потоа ќе се види како ќе ги постават крилјата. 

„Никогаш ниту една војна не сум изгубил затоа што мечот ми беше поклон од борците,никогаш ниту една војна и борба не сум изгубил затоа што мечот ми го подарија патриотите, ниту една војна не сум изгубил и од поголемите противници од мене затоа што мечот ми го подарија мисионерите, на 15 јули заедно Ве  повикувам да излезете и да ми ги дадете мечот и после ќе ги видат моите  крилја и рамења и успешно да се соочувам  во секој фронт", заврши на крај Ахмети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа